сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ТОТАЛНО СЕ ПРОМЕНИ: Познатата актерка се здебелила 25 килограми, а потоа драстично ослабе со овој режим на исхрана!

ТОТАЛНО СЕ ПРОМЕНИ: Познатата актерка се здебелила 25 килограми, а потоа драстично ослабе со овој режим на исхрана!

Актерката Шарлиз Терон важи за една од најубавите во Холивуд. Шарлиз неколку пати докажа дека е вистински професионалец кога целосно го промени физичкиот изглед за улогите што ги играше, прво за филмот Montrum, кога се здебели 25 килограми, а потоа и за „Tully“ за кој се здебели 15 килограми, јадејќи чипс и брза храна.

Терон еднаш откри дека на почетокот и било многу забавно бидејќи можела да ги јаде сите нешта кои со години и биле забранети, но дека подоцна сè станало болно затоа што буквално се будела навечер за да јаде за да ја одржи тежината.

За разлика од искуството по снимањето на првиот филм, по трансформацијата за улогата во вториот, таа имала потешкотии да ослабне, поради, како што еднаш изјавила, многу побавен метаболизам.

– Бев ужасно загрижена бидејќи трае толку долго. Потешко е да се ослободам од вишокот килограми во одредени години, но сепак успеав – рекла таа.

Актерката откри дека поради ова почнала да паѓа во депресија бидејќи килограмите воопшто не паѓале, но останала упорна и на крајот ја вратила фигурата во првобитната состојба. Нејзината исхрана се засновала на многу сиров зеленчук и овошје, а понекогаш се почестувала и со црвено месо кое го сака. Со помош на нутриционист направила мени кое се покажало како многу ефикасно.

Ова е нејзиниот план за исхрана.

Појадок: 50 гр туна, домат, зелена салата и две кришки леб со трици

Ручек: тост, рибен стек со лажица сос од домати, салата од зелен зеленчук со сок од лимон, свежо овошје (портокал, јаболко, банана или три сливи)

Вечера 1: 250 гр пилешко на скара, печени домати, боранија, 50 гр печурки варени во малку пилешка супа, салата од зелен зеленчук со сок од лимон и јогурт или

Вечера 2: 75 гр посно пржено месо во сос, 125 гр компири, салата од зелка и целер, свежо овошје

Најнови вести