Верувале или не, наша позната топ модел кој со години има работено во странство е во врска со истотака познат поранешен кошаркар кој неодамна се разведе. Како што дознаваме од наши извори позната манекенка која неодамна се породи со второ дете го напуштила својот сопруг за да остане во прегратките на кошаркарот со кој од неодамна започнала љубовна романса, објавува порталот Убавина и здравје.
И двајцата се кријат како што змијата ги крие нозете и немаат намера својата среќа да ја споделат со јавноста.
– Сите нејзини познаници и пријатели знаат за нејзината врска. Тој е остварен, моќен и знае што сака -објаснува нашиот извор и додава:
– Таа е заљубена. Конечно има маж покрај неа кој е посилен и поубедлив од неa. За него е важно да не се експонира бидејќи просто тоа не го сака… Со оглед на тоа дека двајцата се популарни и покрај нивната намера тешко ќе им биде да ја сокријат својата романса од јавноста.
Ова нема да биде ниту прва ниту последна врска помежу топ модел и македонски спортист, а најмногу публицитет привлече врската помеѓу Марјана и Петар Наумовски кои сеуште јавно немаат признаено.