четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ТРАГЕДИИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ОД КОЛОСЕК: На овие славни личности им починаа децата, нивната судбина е навистина сурова и тажна

ТРАГЕДИИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ОД КОЛОСЕК: На овие славни личности им починаа децата, нивната судбина е навистина сурова и тажна
ТЕЛЕГРАФ.РС

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Роналдо го загуби својот штотуку роден син, соопшти фудбалерот и неговата свршеница Георгина Родригез.

Како што откри португалскиот фудбалер на породувањето на неговата сопруга момчето починало, додека девојчето е родено живо.

Загубата на деца е најголемата болка за родителите, а во светот на познатите овие личности ги погребале своите деца.

Актерот Кијану Ривс (57) со поранешната партнерка Џенифер Сајм го загубија нивното дете во осмиот месец од бременоста.

Во текот на 90-тите Кијану бил во врска со актерката Џенифер Сајм, а во 1999-та добија мртва новородена ќерка по име Ава. Во осмиот месец од бременоста Џенифер морала да оди итно на породување, но исходот емоционално го уништи парот.

Две години по оваа трагедија Џенифер загинала на 28 годишна возраст во сообраќајна несреќа.

Џон Траволта (67) се соочил со неизмерна болка кога во 2009-та година му почина синот Џет кој тогаш имал 16 години. Актерот бил на семеен одмор на Бахамите со децата и сопругата кога Џет добил напад на гушење во хотелска соба и удирајќи се со главата во кадата починал.

Инаку неговиот син боледувал од кавасаки синдром, болест која ги напаѓа артериите, а му била откриена во 2003-та година. тој бил во лоша здравствена состојба, а му било дијагностицирано и аутизам и астма.

Јунакот од акционите филмови Силвестер Сталоне (75) од 1997-та година  е во бракот со третата сопруга, поранешната манекенка Џенифер Флавин (53) со која има четири ќерки, но од претходниот брак од 1985-та година го добил синот Сејџ кој починал во 2012 година на 36 годишна возраст.

Тој починал во својот стан во Лос Анџелес од срцев удар, а актерот во тоа време бараше од јавноста и медиумите да ја почитува неговата болка и да му пружат потребен мир.

Славниот музичар Ерик Клептон (76) ја напиша една од најубавите балади, песната „Tears in Heaven“, инспириран од најтажниот момент во неговиот живот. На гитаристот на 20 март 1992-та година му починал четири годишниот син Конор.

Имено тој скокал во станот на пријателка на неговата сопруга која се наоѓала на 53-от кат, а во иден момент од играта тој паднал од прозорецот.

Раперот Др.Дре (56) останал без синот Андреа во 2008-та година откако на само 20 години се предозирал со морфиум и хероин. Пронајден е мртов во домот откако се вратил од ноќно излегување.

Поранешниот светски првак во тешка категорија Мајк Тајсон (55) во 2009-та година ја загубил четири годишната ќеркичка Егзодус која починала од случајно гушење, девојчето тогаш го пронашол седумгодишниот син Мигел на траката за трчање во нивниот дом и ја повикал нивната мајка.

Таа и пружила прва помош и повикала брза помош, но девојчето не било спасено иако било ставено на апарати. Ќерката на Тајсон се задавила со кабел за струја кој висел на траката за трчање.

Пејачот Џон Леџен (41) и неговата сопруга, манекенката Криси Тајген (34) го изгубија синот во 2020 година.

Имено парот откако бебето беше предвремено родено во 20-та недела од животот го истетовира неговото име кое сакале да му го дадат.

Тајген откако го загуби бебето во објава на Инстаграм објави дека сакале да му го дадат името Џек.

Најнови вести