Популарната водителка на вести и поранешна кошаркарска ѕвезда, Нина Печолк, изврши самоубиство.
Таа имаше само 27 години. Телото на водителката, која е едно од омилените лица на каналот News 9 VAOV, е пронајдено при полициска контрола во нејзиниот дом, пишува TMZ.
Веста за нејзиното самоубиство за медиумите ја потврди нејзината сестра Кејтлин Печолк.
-Сестра ми беше убедливо најсреќната личност што мислев дека ја познавам, рече таа и додаде дека Нина се верила и наскоро требало да се омажи.
-Понекогаш едноставно, не знаеш низ што поминуваат луѓето, без разлика колку добро мислиш дека познаваш некого… Сестра ми имаше пристап до секој извор што можеш да го замислиш. Таа само зрачеше со љубов и позитивност, и толку многу се грижеше за другите луѓе и секогаш ги ставаше на прво место, рече Кејтлин.