петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Трагедија: Се самоуби Твич, беше омилен лик од шоуто на Елен и татко на три деца

Трагедија: Се самоуби Твич, беше омилен лик од шоуто на Елен и татко на три деца

Почина Стивен Бос, познат како Твич (tWitch). 40-годишниот танчар, кој долги години беше диџеј во шоуто на Елен Деџенерис, се самоуби.

Веста за неговата ненадејна смрт ја потврди неговата сопруга Алисон Холкер.

„Со тешко срце морам да споделам дека мојот сопруг Стивен нè напушти. Стивен ја развеселуваше секоја соба во која ќе зачекореше. Тој ги ценеше семејството, пријателите и заедницата повеќе од сè и живеењето со љубов и светлина му значеше најмногу. Тој беше ‘рбетот на нашето семејство, најдобриот сопруг и татко и инспирација за неговите фанови… Стивен, те сакаме, ни недостигаш и секогаш ќе го чувам последниот танц за тебе“ – стои во нејзиното соопштение за јавноста.

Според информации до кои стигнаа странските медиуми, Твич бил пронајден со прострелна рана во хотелска соба.

Твич се прослави како учесник во шоуто „So You Think Can Dance“, а потоа имаше неколку филмски улоги и беше дел од тимот на Елен од 2014 година, па до финалната сезона.

Од него се прости и Елен.

„Скршена сум. Твич беше чиста љубов и светлина. Го сметав за член на семејството. Ќе ми недостига многу. Ве молиме испратете зборови на поддршка за неговата сопруга Алисон и нивните прекрасни деца Весли, Мадокс и Заи“ – истакна таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellen DeGeneres (@theellenshow)

Најнови вести