Синот на босанскиот пејач Енис Беговиќ (58), Армин починал денес во Клиничкиот центар во Сараево, пренесуваат босанските медиуми.
Како што пишуваат тие, Армин имал само 29 години и наскоро требало да стане татко.
Армин живеел во Сараево, а според последните податоци работел во Министерството за надворешни работи на БиХ.
Инаку пејачот со сопругата Аземин ги има двете деца, ќерката Аријана и синот Армин.
Кога сфатив дека ќе бидам татко се почувствувам одлично. Имав некое пречувство дека ќе биде девојче, ја замислував со плава кадрава коса и сини очи, кои таа навистина ги има. Тоа е неверојатно, никој не веруваше, раскажал во една прилика пејачот.