Најстарата ќерка на Роберт Де Ниро, Дрена Де Ниро, денеска објави дека починал нејзиниот син Леонардо Де Ниро Родригез. Имаше само 19 години.
Ќерката на познатиот актер со емотивна порака на Инстаграм ја објави фотографијата на синот, информирајќи ги своите следбеници за семејната трагедија.
„Мојот прекрасен, сладок ангел. Те сакав без зборови и описи од моментот кога те почувствував во мојот стомак. Ти беше мојата радост, моето срце и се што беше чисто и реално во мојот живот. Посакувам да бев со тебе во моментов. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да продолжам и да ја ширам љубовта и светлината што ме натера да ги чувствувам кога станав твоја мајка. Беше толку сакан и посакувам таа љубов да можеше да те спаси. Многу ми е жал“, напиша Дрена со фотографија од нејзиниот син.