вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Трамп со шокантна изјава за Оскарите

Трамп со шокантна изјава за Оскарите

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се пошегува за ниската гледаност на доделувањето на Оскарите.

– Најниска гледаност на Оскарите во историјата. Проблемот е што повеќе немаме ѕвезди – освен вашиот претседател, напиша Трамп на Твитер.

Церемонијата на доделување на Оскарите ја следеле 26,5 милиони гледачи, што е рекордно мал број. Првпат доделувањето на Оскарите го гледале помалку од 30 милиони луѓе.

Во САД, Оскарите се често најгледана шоу програма на телевизија по Супер Бол, но годинава тоа не беше случај. Отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг го следеа 27,8 милиони гледачи.

Најнови вести