недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ТРЕТА ЛИЧНОСТ ИМ ГО РАСТУРИ БРАКОТ: Поради овој развод во кралското семејство кралицата Елизабета е во тага (ФОТО)

ТРЕТА ЛИЧНОСТ ИМ ГО РАСТУРИ БРАКОТ: Поради овој развод во кралското семејство кралицата Елизабета е во тага (ФОТО)

Кралицата наводно е многу вознемирена откако дознала дека нејзиниот миленик е пред развод.

Внукот на кралицата Елизабета, Петер Филипс (43), се разведува од сопругата Отом (41), пренесува The Sun. Кралицата наводно е многу вознемирена откако дознала дека нејзиниот миленик е пред развод.

Кралицата е многу блиска со Отом, а наводно се снимени како заедно одат на миса. Јавноста смета дека оваа вест тешко ќе ѝ падне на кралицата, особена откако Хари и Меган неодамна го напуштија кралското семејство.

The Sun пишува дека Отом планира да замине во Канада со децата, поради што веднаш се појавија шпекулации дека токму Меган и Хари ги мотивираат да го направат овој чекор.

Извори блиски до семејството тврдат дека нивниот брак неколку години поминува низ криза, но и дека причина за тоа не е трета личност. Парот беше во брак 12 години.

Најнови вести