Холивудската актерка Скарлет Јохансон (34) се сврши со момчето Колин Џост (36) од ТВ-шоуто „Сабота навечер во живо“ (СНЛ).
Портпаролот на Јохансон, Марсел Паризо, за АП потврди дека двојката се свршила после двегодишна врска, но дека сѐ уште нема датум за свадбата.
Парот е во врска од јули 2017 година.
Ова ќе биде прв брак за Колин, а трет за Скарлет.
Ѕвездата на „Одмаздници: Завршница“ претходно беше во брак со Ромеин Дауриак со кого ја има ќерката Роуз (4).
Убавицата беше во брак и со Рајан Рејнолдс.