Водителката која на македонската јавност и стана најпозната по водењето на шоуто „Твоето лице звучи познато“ Марија Килибарда (40) не крие дека поминува низ најтешкиот период од својот живот.
-Ги победив своите психички проблеми, признава таа во својата исповест и додава дека за проблемите и помогнале психотерапиите.
View this post on Instagram
-Три години траеше моето лекување до најситните детали. Се ме болеше, бидејќи не бев она што го очекуваа другите луѓе, домаќинка, мајка, вели таа.
Таа додава дека терапиите неа и помогнале да остане на нозе.
View this post on Instagram
-Колку тешко да ми било, научив важна лекција, а тоа е да не бегам од тагата. Потполно е легитимно да седиш два дена дома и да плачеш. А потоа да се издигнеш и кажеш, чекај јас ова морам да го решам. Животот е ролекостер, не можеме секогаш да бидеме горе, вели водителката.
View this post on Instagram