Фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, имал само 27 години кога си го одзел животот во 1994 година, пукајќи си во главата. Неговото тело го пронашол електричар дури два дена подоцна.
Кобејн долго време страдаше од клиничка депресија, откако му беше дијагностицирана во средно училиште, а стана и зависник од дрога и алкохол.
-Курт беше многу смешен и шармантен, а половина час подоцна седеше во аголот и беше целосно расположен и некомуникативен , изјави продуцентот на албумот на Нирвана од 1991 година.
Зад себе ја остави ќерката Френсис која ја имаше со Кортни Лав, а малечката замина во опасни води и по примерот на нејзиниот татко падна во канџите на зависноста.
Френсис ја претставува крунската љубов на Кортни и Курт, кои се венчаа во 1992 година. Поради прераната загуба на нејзиниот татко и мајка склона кон турбулентен живот, таа имала тешко детство, а пред да наполни 13 години старателството над неа го добиле нејзината баба Венди О’Конор и сестрата на нејзиниот татко Кимберли Кобејн.
Според судскиот налог, Кортни Лав добила забрана за задржување на својата ќерка додека била малолетна, за што главно „придонело“ тоа што во бременоста користела недозволени супстанци, најмногу хероин.
Всушност, Френсис била одземена од нејзините родители кога имала само 2 недели.
Набргу откако стана полнолетна, таа ги наследи милионите на нејзиниот татко бидејќи сите пари што Курт ги заработи по неговата смрт отидоа кај неа.
Френсис денес добива околу 100.000 долари месечно благодарение на авторските права на нејзиниот татко, а признала како и покрај огромното богатство живеела над своите можности и дека фрлила дури 11 милиони долари на ветер. Во едно интервју таа призна дека се смирила дури во 2016 година кога решила да престане да користи дрога и алкохол.
-Требаше да останам без речиси се за да разберам некои работи во животот. Додека не се отрезнив, не сфатив дека колку и да имаш пари, ништо не е вечно, рекла таа.
Таа додаде дека секогаш имала нереална слика за нејзиното наследство.
-Дотолку е потешко затоа што не ги заработив тие пари. Имам чувство дека тоа се пари на некој човек кој никогаш не сум го запознал, што е точно, беше искрена во интервјуто.
Денес Френсис се повлече од очите на јавноста, води мирен живот и се занимава со уметност. Минатата година го прослави својот 30-ти роденден, а како што вели, во еден момент од животот не била сигурна дека ќе го доживее.
-30! Успеав! Искрено, 20-годишната Френсис не беше сигурна дека тоа ќе се случи. Во тоа време, внатрешното чувство на длабоко омраза кон себе предизвикано од несигурност, деструктивни механизми за справување и многу трауми со кои моето тело и мојот мозок не можеа да се справат, влијаеше на тоа како се гледав себеси и светот, низ објективот на незадоволство што имам толку многу хаос во мојот живот и болка поврзана со тага која се чинеше неизбежна, ја започна својата минатогодишна објава Френсис Бин Кобејн.
-Инцидентот во авионот што ме донесе толку блиску до смртта е иронично настанот што ме катапултираше кон ова искуство за преживување за кое сум ужасно благодарна. Мило ми е што докажав дека грешам и најдов начини да ја трансформирам болката во знаење, продолжи овој уметник и модел, додавајќи:
„Како што влегувам во оваа нова деценија, се надевам дека ќе останам мека без разлика колку е тежок светот, ќе уживам во сегашниот момент со почит, но и да ги опсипам луѓето што ги имам со љубов и повеќе ценење отколку што можат да изразат зборовите. Таа што моето созревање никогаш не престанува“.