Хрватската пејачка Северина Којиќ денес не е во добри односи, а некогаш уживаше во љубовта со поранешниот сопруг Милан Поповиќ.
Осум години подоцна иако Северина поминува низ пекол околу старателството на својот син Александар, на социјалните мрежи се појави и видео снимка од моментите кога таа беше бремена со наследникот и ужива во придружба на саканиот.
Видеото датира од 2012 година и е направено во домашна атмосфера, покрај новогодишната елка.
Како ќе реагира Северина кога ќе се потсети на ова видео се уште не се знае, но едно е сигурно, а тоа е дека таа има убави спомени од минатото иако сега сака да ги избрише.
За потсетување неодамна Северина го изгуби старателството за синот во битката која ја водеше на суд. Во медиумите инаку се пишува и за вториот нејзин развод со Игор Којиќ иако таа никогаш јавно не проговори дали е вистина или не.