Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер пред два месеци објавија дека по втор пат ќе станат родители.
Тенисерката по оваа вест се појави на свадбата на својот брат, но тогаш се уште немаше видливи промени во пределот на стомакот.
Сепак, по два месеци тенисерката реши да ги изненади фановите и да се фотографира со трудничкото стомаче кое полека се повеќе расте.
Парот во 2016 година се венчаше, а лани во март станаа родители на синот Лука.