сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Цел свет зборува за книгата на принц Хари, а еве како реагираат Вилијам и Кејт – сакаа да молчат, но експерт ги откри преку однесувањето

Цел свет зборува за книгата на принц Хари, а еве како реагираат Вилијам и Кејт – сакаа да молчат, но експерт ги откри преку однесувањето

„Никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“ е правило на британското кралско семејство кога се во прашање скандалите, а на него се држат во моментов додека целиот свет зборува за експлозивните мемоари на принцот Хари кои (повторно) открија бројни детали за неговиот живот, но не ги поштеди ниту останатите членови.

Иако официјалниот став на палатата е дека нема да ја коментираат книгата, јасно е дека нема да можат да ги избегнат прашањата на новинарите за нешто што преку ноќ стана глобална тема. Прашања ги дочекаа неговиот брат, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, за време на нивната посета на новата болница во Ливерпул.

„Дали некогаш планираш да коментираш за книгата на Хари“, го прашал еден новинар Вилијам, но принцот избрал целосно да го игнорира.

Малку подоцна друг новинар го прашал: „Имаше ли воопшто шанса да ја прочиташ книгата на брат ти“, но и тоа прашање беше игнорирано.

Сепак, иако Вилијам не кажа ништо, експертите за говор на телото за британски Мирор објаснија што откриваат неговите гестови, движења и држење на телото.

Експертот Џуди Џејмс тврди дека и Вилијам и Кејт покажувале знаци на „внатрешна напнатост“, па забележала, на пример, дека често ја допирале и проверувале облеката.

„Двојката даде знаци кои сугерираа дека имаат некаква внатрешна напнатост поради она што Хари го откри во книгата додека беа опфатени со прашања на нивниот прв официјален настан по објавувањето на мемоарите“, рече Џуди.

„Додека излегуваа од автомобилот, нивните насмевки изгледаа слабо, а иако се насмеаа во автомобилот, се чинеше слабо и вкочането“, објасни таа.

Еден гест на принцот Вилијам особено го привлече вниманието.

“Вилијам користи гест кој сугерира можна вознемиреност. Ја крева раката како да ја проверува вратоврската, иако носи џемпер и ја става на грлото, што е гест што укажува на ранливост”, истакна Џуди.

„Кејт и Вилијам овде, како и обично се огледуваат еден со друг, движејќи се навидум како една личност додека ги поздравуваат своите домаќини“, додаде таа.

Најнови вести