Турскиот актер Халит Ергенџ (49) и актерката Бергузар Корел, срцата на публиката ги освоија како пар во популарната серија „1001 ноќ“, на кое што снимање на серијата за започнале и својата љубовна романса.
Имено, на самото снимање убавата и млада Бергузар, тогаш на 23 годишна возраст го запознала 12 години постариот колега Халит, кој што во тој момент веќе бил во брак со актерката Гизем Сојсалди.
Првите љубовни искри помеѓу нив се појавија веќе на првите сетови од снимањето на култната серија „1001 ноќ“, но нивното заедничко патување во Париз во 2008 година придонело до целосен пресврт во нивните животи.
Халит после 9 месеци се разведе од својата сопруга која во тој момент била бремена, а Гизем не можела да го поднесе фактот што тој е заљубен во друга, па се одлучила да абортира.
Во меѓувреме и Бергузар поради љубовта кон Халит одлучила да ја прекине долгогодишната врска без никакви поголеми проблеми, а Халит на својата поранешна сопруга после разводот и исплатил 250 илјади лири.
Ѕвездите на „1001 ноќ“ се венчаа веднаш после завршувањето на серијата, а во 2010 го добија синот Али, а од неодамна по втор пат повторно станаа родители, кога во март Бергузар на свет донела уште дете.
Тие важат за еден складен пар, а во брак се повеќе од една деценија која што сепак не поминала без потешкотија и криза.