вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Турскиот заводник има нова девојка – ја замени сексапилната Италијанка за девет години постарата колешка? (ФОТО)

Турскиот заводник има нова девојка – ја замени сексапилната Италијанка за девет години постарата колешка? (ФОТО)

Неодамна се појавија гласини дека актерот Џан Јаман ја раскинал својата врска со италијанската водителка Дилета Леота.

Како што пишуваат странските медиуми, Џан ја оставил Дилета поради актерка која е 9 години постара од него и за која тврдат дека изгледа како милион долари.

Станува збор за aктерка и моделот Моран Атиас од Израел, а нејзините фотографии на социјалните мрежи никој не остава рамнодушен.

Наводно, во септември за време на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, тој уживал во друштво на Моран, а ти и пред камерите размениле погледи и насмевки кои го привлекле вниманието на обожавателите.

Тие денови и се појавија гласини дека раскинале Џан и Дилета.

„Љубовта и животот се непредвидливи. Се надевам на нов почеток“, изјави Леота во една телевизиска емисија. Сепак, се уште не појавија докази за новата љубовна врска меѓу Џан и Леота.

Инаку, се шпекулираше дека Џан и Дилета имале корист да глумат дека се во врска. Тие го привлекоа вниманието на медиумите, а и престана да зборува за нејзината афера со Златан Ибрахимовиќ.

Најнови вести