Телевизиската водителка Сузана Турунџиева на социјалната мрежа Инстаграм се пофали дека ја посетила хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова, во нејзиниот дом.
Таа вели дека годината ѝ тргнала лошо, но дека средбата со Атиџе била најдоброто нешто што ѝ се случило во изминатиов период.
View this post on Instagram
„Не престанавме 2020 година да ја нарекуваме лоша, никаква, негативна, промашена година… Е па за мене 2020 е годината која (иако ми тргна лошо) ќе ја паметам по многу добри нешта, а најдоброто од сè е пријателството со Атиџе – жената која ја испрати најсилната порака во светот и хероина, која во целост ја промени мојата „диоптрија” на животот. Има малку моменти и ситуации за кои ми недостигаат зборови да се искажам… ова е еден од тие… Ќе оставам сликите и видеата да ви раскажат… Му благодарам на животот што ми даде прилика да ја посетам, да пиеме кафе, да се гушкаме, да пееме и да се смееме. Фала ти животе“, напиша Сузана.