недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Твитер корисник го „предвидел“ датумот на смртта на кралицата Елизабета – сега се огласи и за смртта на кралот Чарлс

Твитер корисник го „предвидел“ датумот на смртта на кралицата Елизабета – сега се огласи и за смртта на кралот Чарлс

Еден Твитер корисник пред неколку недели го „предвидел“ датумот на смртта на кралицата Елизабета, што откако се покажа дека е точно, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Истиот корисник сега сподели и датум во врска со новиот крал, Чарлс III.

Еден млад човек по име Логан Смит, чие име на Твитер е @logan_smith526, во јули на неговиот профил споделил дека британскиот монарх со најдолг стаж ќе умре на 8 септември 2022 година.

Датумот, исто така, се покажа како вистинит. Кралицата почина минатиот четврток (8 септември) во замокот Балморал, опкружена со нејзините најблиски членови на семејството.

Неговата објава наскоро стана вирална, особено откако Смит ја ажурирал и го додал датумот на смртта на кралот Чарлс III.

Снимките од оваа објава имаат милиони прегледи, а исто така продолжуваат да пристигнуваат многу коментари од корисниците.

И додека некои се согласиле дека воопшто не веруваат во она што Логан го предвидел, други изјавиле дека исто така „чувствуваат“ дека кралот ќе има „кратко владеење“, а некои изразиле и загриженост.

Исто така, многу корисници Логан го нарекле „најбараниот човек во Велика Британија“, но и пишуваат шеги дека „не му се пишува добро“ кога неговата објава ќе дојде до кралското семејство.

Инаку, Чарлс, кој во ноември ќе наполни 74 години, автоматски беше прогласен за крал по смртта на неговата мајка, што беше официјализирано на церемонијата одржана минатата сабота попладне.

Новиот монарх е најстарото дете на покојната кралица од бракот со принцот Филип.

Погребот на Елизабета треба да се одржи во понеделник на 19 септември во 11 часот во Вестминстерската опатија.

Најнови вести