Синот на познатиот музичар Лајонел Ричи, Мајлс е уапсен на лондонскиот аеродром Хитроу поради закана со бомба што, наводно, се наоѓала во неговиот багаж.
Имено, 24-годишниот манекен станал агресивен откако му било забрането да влезе во авионот, при што најпрво се заканил дека ќе ја активира бомбата што, наводно, ја имал со него, а потоа и удрил еден вработен. Во меѓувреме, Ричи е ослободен.
Полицијата ги потврди овие наводи, но не откри повеќе детали за инцидентот.