Џецун Пема Вангчук моментално е најмладата кралица во светот. Сопругата на кралот на Бутан, Џигме Кесар Намѓел Вангчук, застана на тронот во 2011 кога имаше само 21 година.
Џецун ги освои срцата на жителите на Бутан со скромноста, доброто срце, шармот и убавината. 27-годишната кралица постојано се вклучува во хуманитарни активности и се залага за зачувување на животната средина.
Џецун и Џигме неретко се нарекувани „Кејт и Вилијам од Хималаите“, па затоа нивната средба со војвотката Кетрин и принцот Вилијам го привлече светското внимание.
–Чекав подолго време за да се оженам. Но, не е важно кога ќе стапиш во брак, сè дури тоа го правиш со вистинската личност. Јас сум сигурен дека се оженив со правилната личност, изјавил Кралот за својата сакана.
Пред да седне на тронот, Џецун студирала во Лондон. Таа и нејзиниот сопруг се големи љубители на уметноста. „Таа е прекрасно човечко суштество, интелигентна е. Јас и Џецун имаме едно големо нешто заедничко: љубов и страст кон ументноста“ – вели кралот Џигме.