понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Убавата Хана најголема поддршка за Петар Грашо: Сите го слушаат него, но гледаат во неа (ФОТО)

Убавата Хана најголема поддршка за Петар Грашо: Сите го слушаат него, но гледаат во неа (ФОТО)

Петар Грашо непосредно пред неговиот концерт се појави во друштво на сопругата Хана Хуљиќ, која вечерва во белградската „Арена“ ќе биде негов најголем поддржувач во публиката.

Пејачот ги распродаде сите билети за вечерашниот настап во Белград, а во публиката беа многу негови колеги и луѓе од јавниот живот на Србија.

Меѓу првите пристигна кошаркарот Дејан Томашевиќ, кој исто така е добар пријател со Грашo, потоа Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ, тенисерот Филип Краиновиќ со неговата девојка Николина Ковач…

Пред концертот, пред новинарите и фоторепортерите, пејачот излезе да ги раскаже впечатоците од неговото доаѓање во Белград, а Хана цело време беше со него.

-Убаво е да се има поддршка од поубавата половина, но и од сите останати четвртини и шестини што ги има. Моето семејство е тука, моите пријатели се тука, сите се тука, истакна пејачот чиј гостин вечерва ќе биде таткото на неговата сопруга, Тончи Хуљиќ.

„Тончи е гостин, но всушност не е гостин, тој е член на семејството. Без него немаше да бидам тоа што сум“ – истакнува пејачот.

Нивното бебе, девојчето Алба, кое се роди во јуни, вечерва ќе го чуваат неговите баби.

Најнови вести