Убавата актерка Јелена Гавриловиќ беше гостинка во емисијата „Премиера“ на ПИНК, каде истакна дека во годината која завршува имало многу убави, но и грди работи.
Таа пред камерите откри која е единствената желба што си ја посакува за новата година.
-Имаше и убави и грди работи, но така е во животот, нè напуштија големи уметници и големи луѓе, но со оглед на тоа дека влегуваме во нова година, нè очекуваат нови предизвици. Има многу цели кои не сум ги постигнала, но во новата година влегувам со само една желба, да бидам здрава, тоа не е клише, тоа е сè што ни треба. Насмевката е доволна, за сè друго и се ќе направиме заедно, изјави Јелена Гавриловиќ.