Убавата мисица остана без круна и титула: Казнета поради ова недолично однесување (ФОТО)
watch_later
25. март 2019. @
19:25 timelapse 12 мин.
Кон крајот на минатата година Алесија Семеренко ја понесе титулата Мис на Москва 2018-та , но поради недоличното однесување истата и била одземена.
Организаторите на натпреварот и ја одзеле круната и титулата на Алесија зашто не ги извршувала должностите што требало да ги врши и не се појавувала на предвидените настани.
Ги лажела организаторите дека е болна за да не оди на настани на кои имала обврска да се појави, за потоа да објавува на Инстаграм фотографии од атрактивни патувања.
Организаторите објавиле дека ова е прв таков случај на Мис да и се одземе титулата. Додека требало да биде на настани за кои имала обврска, таа била на Малдивите , а фотографиите ги објавила на Инстаграм , што ги разлутило организаторите.