сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Убавата Сања е неутешна: Три години од најболниот настан во нејзиниот живот, правдата не е задоволена, а болката не поминува

Убавата Сања е неутешна: Три години од најболниот настан во нејзиниот живот, правдата не е задоволена, а болката не поминува

Поранешната мисица на Србија, Сања Папиќ, кога беше во седмиот месец од бременоста, на вечна љубов му се заколна на адвокатот Драгослав Миша Огњановиќ. Нивната среќа траеше кратко бидејќи тој беше убиен пред својата зграда.

Нејзиниот сопруг беше убиен на денешен ден, 28-ми јули во 2018 година. Зад себе остави три деца.

Сања често објавува фотографии и видео записи на својот профил на Инстаграм во спомен на нејзиниот починат сопруг. Денес и е особено тежок ден и овој пат се огласи преку својата “приказна“ на споменатата социјална мрежа.

Адвокатот во брак со мисицата ја доби ќерката Лара, која имаше само девет месеци кога тој го загуби животот. Тоа е уште еден од животните моменти што Сања го сподели со своите фанови.

Поранешната мисица ја изрази својата тага, неверување и болка за нејзиниот сопруг. Неговото убиство и три години подоцна е случај кој не е расветлен.

Најнови вести