Внуката на британската кралица Елизабета, принцезата Беатрис се породи и роди девојче, објави денеска Бакингемската палата.
– Сите членови на кралското семејство се информирани и воодушевени од веста. Семејството сака да им се заблагодари на вработените во болницата за нивната прекрасна грижа, се вели во соопштението на Бакингемската палата, пренесува Ројтерс.
Бебето тешко 2,78 килограми се роди во саботата во болницата Челзи и Вестминстер во Лондон.
– Нејзиното кралско височество и нејзиното дете се чувствуваат добро, а двојката со нетрпение очекува нивната ќерка да се сретне со нејзиниот постар брат Кристофер Волф – се додава во соопштението.
Принцезата Беатрис, ќерка на принцот Ендрју и војвотката Сара Фергусон, е десетта по ред за британскиот престол, а се омажи за Едоардо Мапели Мочи во јули минатата година.
Бебето е 12-та правнука на британската 95-годишна кралица Елизабета.