Софија Вергара и Џо Манганиело заедно зачекорија на црвениот тепих на премиерното прикажување на „Solo: A Star Wars Story“ во Лос Анџелес.
45-годишната Колумбијка изгледаше шармантно и младолико во креација од Оскар де ла Рента додека позираше со 41-годишниот актер. Својот изглед, ѕвездата од „Modern Family“ го надополни со чанта од Шанел и црни сандали.