Водителката на емисијата “Практична жена“ Наташа Павловиќ дознала дека починал глумецот Марко Живиќ со кого била во брак четири години, а веста ја шокирала.
Марко Живиќ починал после борбата со корона на 49 години, а неговата бивша сопруга била скршена кога ја служнала тажната вест.
– Марко умре? Извинете во шок сум, не можам сега да зборувам – рекла и ја прекинала врската, пренесува “Ало“.
После разводот биле во контакт, каде што Живиќ во една прилика и потврдил:
– Немам забелешка на својот емотивен живот. Многу сум задоволен и мирен. Што се однесува до Наташа, неодамна и го честитав раѓањето на второто дете. Наташа и јас бевме пријатели додека бевме во врска, а тоа останавме и после разводот. Се слушаме кога се празници, Нова година, родендени. Кога ќе се сретнеме, убаво ќе поразговараме. Мислам дека тоа е нормално. Можеби некои искуства се трауматични, моите не се, раскажал Марко во една прилика.