Џулија Робертс имаше забавно гостување во шоуто на Елен Деџенерис. 60-годишната водителка со неколку „трикови“ се обиде да ѝ помогне на 51-годишната актерка да собере повеќе следбеници на Инстаграм.
Најпрво, Елен ја натера Џулија да позира пред тропска позадина со големи лажни гради на себе и наметка и да глуми дека е „Кардашијанка“, алудирајќи дека токму на тој начин сестрите Кардашијан и Џенер се стекнале со милиони обожаватели на социјалните мрежи.
Бидејќи за привлечен профил потребно е да објавуваш фотографии со вкусна храна, Елен ја повика напомош Марта Стјуарт, која ѝ донесе на Џулија пита.
Но, тоа не е се. Погледнете го урнебесното гостување на Џулија кај Елен и сето тоа што го направија за повеќе следбеници.