вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Урнебесно: Дејвид Бекам покажа како се шминка Викторија (ВИДЕО)

Урнебесно: Дејвид Бекам покажа како се шминка Викторија (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам неодамна реши да ги насмее фановите на неговата сопруга споделувајќи видео на кое прикажува како таа се шминка.

Имено, во видеото објавено на TikTok профилот на неговата сопруга Викторија, Бекам ја покажува својата рутина за убавина исто како што Викторија повремено споделува на социјалните мрежи.

На видеото може да се види Бекам без кошула како седи на крајот од својот кревет и минува со четка за шминка преку лицето. Тој го објаснува советот што го добил од сопругата.

-Го користам ова доста, мојата сопруга вели дека тоа е најдоброто осветлување за снимање. Ќе се согласам со неа, но навистина немам поим за што зборувам. Сакам да ја хидрирам и негувам мојата кожа, а очигледно ова е најдобриот начин да се направи тоа според советите на Викторија Бекам, изјави Дејвид многу сериозно.

Дејвид и Викторија се еден од ретките познати парови кои се долги години во брак. Тие се венчаа во 1999 година и заедно имаат четири деца, синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер Севен.

Најнови вести