Водителот Огнен Амиџиќ не престанува да ги изненадува гледачите, а овој пат ги надмина сите очекувања.
Имено, по повод Меѓународниот ден на жената, Амиџиќ облече црн фустан, а фотографијата ја сподели на Твитер.
Тој позираше со пејачката Теодора Џехверовиќ која носеше машки костум во крем боја.
Огнен ги насмеа сите до солзи, со оглед на тоа дека и тој ги прекрсти нозете, а фустанот има отворен рез на градите.
veceras 8martovska emisija pic.twitter.com/6gIQVzGvh4
— ognjen amidzic (@OAmidzic) March 8, 2022