четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Утре ќе се одлучува за судбината на Вил Смит: Одложен состанокот на Одборот на Академијата за филмски уметности и науки

Утре ќе се одлучува за судбината на Вил Смит: Одложен состанокот на Одборот на Академијата за филмски уметности и науки

„Во интерес на сите е да се реши ова што е можно поскоро“

Одборот на Академијата за филмски уметности и науки ќе се состане утре, петок, а не на 18-ти април, како што беше претходно најавено, за да разговара за „можните санкции“ за Вил Смит, откако актерот му удри шлаканица на Крис Рок на Оскарите на 27-ми март.

– 18-ти април е определен со калифорнискиот закон и нашите внатрешни стандарди. Бевме должни да го известиме г-дин Смит 15 дена пред состанокот на одборот на кој може да се донесе одлука за негово суспендирање или исклучување, а исто така да му дадеме можност писмено да се обрати до Одборот пет дена пред состанокот – напиша во писмо претседателот на Академијата Дејвид Рубин.

Меѓутоа, откако Смит поднесе оставка од Академијата на 1-ви април, „веќе не се можни суспензија или исклучување, па веќе не важат претходно поставените рокови“.

– Во интерес на сите е да се реши ова што е можно поскоро.

Академијата ја продолжи истрагата за случајот откако Смит поднесе оставка. Отказот значи дека тој повеќе не може да гласа за номинираните за Оскар, но сепак може да биде номиниран, да присуствува на церемонии и да ја задржи статуата што ја доби за „Кралот Ричард“.

Да се потсетиме, среде доделувањето на наградите, Смит се качи на сцената и му удри шлаканица на Крис Рок затоа што се пошегува на сметка на избричената глава на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.

Набргу по инцидентот, Смит го доби својот прв Оскар и и се извини на Академијата, колегите и јавноста за претходниот инцидент, но не и на Крис Рок. Два дена подоцна му се извини на комичарот.

Најнови вести