Манекенката Ирина Шајк времето во изолација поради коронавирусот го поминува во својот дом, а за себе си пронашла корисна занимација.
Имено, убавата манекенка ја чита книгата „Путин“, односно биографијата на рускиот претседател Владимир Путин.
Таа се фотографираше во опуштено издание во својот кревет, вез грам шминка, додека во рацете ја држи биографијата на рускиот претседател.
Според фотографијата на која што е широко насмеана се чини дека сексапилната убавица ужива во читањето.