Танчерот Џоле Џогани откри дека ја тера својата сопруга Весна убаво да се соблекува затоа што сака кога таа е облечена провокативно. Посочи и дека убаво се чувствува кога другите мажи со воодушевување гледаат на неговата сопруга.
Џоле одговори на прашањето како ги толерира машките кои со поглед ја „соблекуваат“ неговата млада сопруга.
-Секогаш сакам кога мојата Весна го покажува своето тело и кога изгледа добро. И сакам кога сите ја гледаат – и мажи и жени. Кога ќе зјапаат во неа, тоа значи дека е посакувана, згодна и убава. А потоа и таа е задоволна. Не ми пречи кога ја гледаат. Секогаш уживав кога ја гледаа и сакаа. Знам дека Весна е само моја и толку. Јас не сум љубоморен. Немаме моменти на љубомора. Уживам во нејзината убавина и уживам кога другите уживаат да ја гледаат и да ја посакуваат. Свесен сум каква жена имам до мене. Мислам дека е привилегија да се има жена која е посакувана од голем процент од машката популација, без двоумење изјави Џоле, додека неговата поубава половина Весна само слатко се насмевна.
Сепак, она што Џоле и замери на Весна се корекциите кои неодамна ги направи на лицето, а тоа се хијалурон и ботокс.
Таа на својот Инстаграм профил сподели видео на кое се гледа дека го подмладила лицето, но додала дека сопругот ја кара поради тоа, што сега го потврди и Ѓогани.
-Јас не сум поддржувач, јас сум против тоа. Мислам дека човек треба да старее и да изгледа согласно годините. Не ги сакам сите оние работи кои не се природни. Тоа е само мое мислење, секој прави што сака, рекол Џоле.