Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин вчера на суд во Лос Анџелес изјави дека не е виновен за силување и сексуално злоставување на пет жени, објавува јавното обвинителство.
Вајнстин прв пат се појави на судење. Меѓу останатите обвинувања, тој се товари и за полна пенетрација во употреба на сила, а ако биде осуден би можел да добие доживотна затворска казна.
Повеќе од 80 жени изнеле обвинувања против него, но само неколку случаи завршија на суд.
На судењето, 69 годишниот Вајнстин дошол во инвалидска количка носејќи затворска униформа, бидејќи во Њујорк веќе ја служи 23 годишната затворска казна за други случаи на силување и сексуални напади.
Следното сослушување е закажано на 29 јули, а до тогаш Вајстин останува во затвор.