Внуката Саша и внукот Андреј на поранешниот претседател Јосип Броз Тито денеска се сеќаваат на смртта на својот дедо кој почина пред 41 година на денешен ден.
И додека внуката Саша Броз јавноста добро веќе ја знае, медиумите со години се обидуваат да дознаат нешто повеќе за нејзиниот брат Андреј кој е помал од неа и дипломирал на еден од универзитетите во Москва и работи како консултант.
Неговата сестра е добро позната на јавноста, но за разлика од неа тој многу малку и е познат на јавноста, па ја чува својата приватност само за себе. Со неговата сестра е многу близок, таа постојано на социјалните мрежи објавува заеднички фотографии од детството.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Пред неколку години Саша изјави дека сака да сними филм за нејзинит дедо и откри дека поради презимето Броз, просперирала многу во текот на животот.
„Вистина е дека ми се роди идеја за снимање на филм за дедо. Иако се’ уште е само желба, верувам дека еден ден ќе стане реалност. Тоа би бил филм за односот кој го имав со дедо, ’моја пресметка со детството.
Таа откри дека и годи тоа што добила многу медиумско внимание поради моето презиме.
„Сите се нечии внуци и внуки, тоа го сфаќам како неминовен факт. Малку е неинтересно кога секојдневно сурфаш по порталите или читаш весници, па нема ниту еден медиум кој всушност не се бави со моето презиме. Сакам да ме доживуваат првенствено заради мојата работа, а не преку моето потекло. Од друга страна, би била лицемерна да кажам дека не сум добила многу медиумско внимание поради моето презиме. Всушност, се обидувам да балансирам со тоа“, изјавила внуката Саша.
View this post on Instagram