Српскиот пејач Драган Којиќ Кеба од време на време е во центарот на вниманието во медиумите поради аферата со Лилјана Јевремовиќ со која има и вонбрачна ќерка Ина, која ја призна дури откако го присили судот.
Фолкерот според пишувањата на медиумите никогаш не ја запознал Ина која израснала во вистинска убавица.
Иако едно време Лилјана беше медиумски експонирана, во последно време речиси никаде не беше споменувана во јавноста, а пред некое време го прекина и молкот и откри со што се занимава последните години.
Имено таа е вработена во слаткарница, а со тоа го привлече вниманието бидејќи докажала дека е вредна и не се срами од никаква работа.
Инаку таа со Кеба ја доби ќерката Ина која има 22 години, а судот потврди дека тој е вистинскиот татко на неа.