Сопругата на Коби Брајант и мајка на тринаесетгодишната Џиана Џиџи на Инстаграм објави емотивно видео од своте сакани кои на 26-ти јануари загинаа во хеликоптерска несреќа.
Овие снимки ги растажија обожавателите на кошаркарската легенда ширум светот, но она што го крши срцето е пораката која ја напиша Ванеса, а во која ги споделува нејзините чувства по загубата на најмилите.
-Не се колебам да ги кажам чувствата со зборови. Мојот мозок одбива да прифати дека и Коби и Џиџи ги нема. Не можам да ги прифатам двете загуби во исто време. Се чини дека се обидувам да прифатам дека Коби го нема, но моето тело одбива да прифати дека мојата Џиџи никогаш нема да се врати кај мене. Тоа е погрешно. Зошто треба јас да можам да се разбудам кога моето бебе ја нема таа можност?! Јас сум толку лута. Имаше толку многу живот во неа. Тогаш сфаќам дека треба да бидам силна и да бидам тука за моите 3 ќерки. Знам дека ова што го чувствувам е нормално. Тоа е дел од периодот на жалење. Боже, посакувам да беа тука и овој кошмар да заврши, напиша Ванеса на Инстаграм и никого не остави рамнодушен.