„Утрово се разбудив во шест со необична и убава енергија. Се исплакав до осум часот, ја пуштив убавата енергија која дојде, да помине низ мене. Плачев од среќа и убава енергија. Тоа е чувство што не можам да го опишам, рече Васил Гарванлиев за ММС утрово, пред да ги почне подготовките за вечерашниот настап, на првата полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија, што се одржува во Ротердам, Холандија.
-Презадоволен сум од мојот настап. Цела сцена е исполнета со љубов и енергија. На крајот од настапот ќе светне изгрејсонце на сцена. Има специјален ефект, изгрева сонцето зад мене. Па и главната порака на целиот настап е темнината ја претвараме во светлина и шириме љубов, вели за ММС Васил.