Кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ трагично го загуби животот на денешен ден во 2019 година во тешка сообраќајна несреќа во Германија.
Семејството, пријателите и неколку обожаватели денеска се собраа на неговото вечно почивалиште каде беше одржан и тригодишниот помен во негова чест.
Меѓутоа на поменот не се појави неговиот син Михајло Шаулиќ, а преку својот Инстаграм профил му упати емотивни зборови на својот татко.
-Знам дека ме гледаш, знам дека ме чуваш, чувствувам дека си тука, а не си, ни еден ден не е ист, а камо ли година, пишува тој.
Тој потоа продолжува со емотивните зборови упатени кон него:
-Тагувам што те нема, тагувам кога те слушам, горд сум кога и да ти го слушнам гласот, кога ќе видам твоја слика или некој да зборува за тебе се навикнувам со таа болка да живеам… продолжува тој.
На поменот инаку присуствуваа неговата сопруга, двете ќерки, кумата Зорица Брунцлиќ како и многу други…