недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вдовицата на Оливер Драгојевиќ проговори една година по неговата смрт: „Немав сила за документарецот, а сега следува концерт“

Вдовицата на Оливер Драгојевиќ проговори една година по неговата смрт: „Немав сила за документарецот, а сега следува концерт“

Вдовицата на музичкиот великан Оливер Драгојевиќ била поканета на премиерата на документарниот фил „ОЛИВЕРовите 70“, кој премиерно бил прикажан на затворањето на Пулскиот филмски фестивал, но таа немала сила да присуствува.

За Слободна Далмација вели дека се уште и се тешко кога ќе се сети на сопругот со кој поминала речиси 50 години во брак и имаат три сина.

-Видов претходно неколку секунди од филмот и се откажав. Едноставно не можев. Можам да ги гледам неговите фотографии, стари спотови, се останато, но кога тој говори нето приватно, нема шанси, не можам. Не знам кога ќе го погледнам филмот. Го имаме дома, но никој не го гледал. Се работи за последниот концерт, тој веќе беше болен, што никој од нас не знаеше. Како да знаел што е му се случи, како да чувствувал нешто, но ништо не ни кажуваше, изјавил вдовицата на Оливер, Весна.

На годишнината од неговата смрт, на 29 јули, ќе биде одржан концерт во негова чест „Trag u beskraju“ во неговото место на Корчула, каде е и погребан.

Весна вели дека на општината, која е организатор, им дала одврзани раце. Додава дека семејството ќе присуствува на концертот, но не знае како таа ќе собере сили.

-Сите сме веќе тука, ќе присуствуваме. Иако јас се би прескокнала. Лошо ми е, сѐ ме потсетува на него. Би сакала тој ден да сум во некоја глувчешка дупка. Но не можам да побегнам, луѓето го доживуваат за свој, а нивен беше колку што беше и нас. Не знам како ќе издржам, ќе се видам и со некои луѓе со кои се немам видено со години. Сепак, драго ми е што концерот ќе биде традиција и ќе заживее и следните години, заклучува Весна.

Најнови вести