Денеска во Белград се одржа комеморација по повод трагичната смрт на српскиот рапер Далибор Андонов Гру кој загина возејќи кајт на вода.
На комеморацијата пристигнаа многумина познати личности, роднини и пријатели, а први пристигнаа неговата сопруга Даница со синовите.
Таа откако ги виде новинарите и фоторепортерите започна да плаче и целото време ги држеше за рака и ги прегрнуваше синовите.
Српските медиуми го забележаа и неутешниот брат на пејачот кој целото време го криел лицето со рацете за да не го фотографираат репортерите.