вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВДОВИЦАТА НА СИНАН САКИЌ УДРИ ПО МРТВИОТ СИН НА ПЕЈАЧОТ – тој е ѓубре на кое јас му дадов стан, а еве што му оставил татко му во тестаментот!

ВДОВИЦАТА НА СИНАН САКИЌ УДРИ ПО МРТВИОТ СИН НА ПЕЈАЧОТ – тој е ѓубре на кое јас му дадов стан, а еве што му оставил татко му во тестаментот!

Во затворот во Сремска Митровица на 45-годишна возраст почина синот на Синан Сакиќ, Рашид, а една недела по неговата смрт се огласи и Сабина Сакиќ, вдовицата на пејачот Синан.

Сабина проговори за тестаментот на пејачот, а во таа прилика го спомна и братот на Рашид.

„Оставинската постапка за имот не е направена според тестаментот, таа е направена според имотот на Синан, што значи дека само куќата, пиштолот, автомобилот биле на негово име, а становите им беа доделени на ѓубриња, двајца браќа, еден кој умре во затвор, а другиот живее во Тузла и до ден денес шири лаги… Од мене добија станови. Тој што почина во затвор пред две години го продаде својот стан, а другиот живее во Тузла со семејството“, изјави Сакиќ и додаде дека проблемите продолжиле и по смртта на Рашид.

„Бидејќи мајката и братот на Рашид продолжуваат со провокациите и без да чекаат да му се смири душата по смртта, продолжуваат таму каде што застана тој. имено тие сакаат да ми земат се, но јас нема да се предадам“, вели таа.

Потенцира дека сите оние кои учествуваа во овие провокации и излегоа со лажни текстови веднаш по смртта на Синан ќе одговараат законски, а ако судот на овој свет не ги стигне, ќе ги стигне Божјиот суд, вели таа.

Најнови вести