Соња Тарчуловска нашата, некои велат веќе поранешна популарна пејачка (само делумно се во право), веројатно затоа што веќе естрадно активно не настапува, деновиве со сопругот Јохан прослави 16-годишнина од бракот.
Неа ја паметиме по многубројни хитови, но сепак „Во бело, во бело“ ќе остане за секогаш.
И Соња и Јохан, во нашата јавност, во Македонија, познати се не само како верници, православни христијани, туку и како големи искрени македонски патриоти. За овие 16 години колку што се заедно ги поминаа сите можни бури и премрежиња, но останале заедно.
Така е тоа кога постои вистинска љубов која кај нив двајцата никогаш не престанала. Трае и трае… па затоа Господ само убавини им дава. А, поголема помила убавина секако дека нема од децата. Соња и Јохан имаат три деца, еден син и две ќерки. Машала! Славејќи го бракот, тие добија и многубројни честитки, па социјалните мрежи речиси прегореа.
„Заеднички полесно се совладуваат пречките… уште 100 години заедно во љубов, почит, разбирање и толеранција, да уживата во друштвото на вашите ангелчиња и да си славите во иднина со многу внуци“…. Тоа е само мал дел од пораките што им се упатени на адресата на оваа популарна македонска брачна двојка.