недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВЕДНАШ ЌЕ ГО ОТВОРИТЕ ФРИЖИДЕРОТ И ЌЕ СЕ ФАТИТЕ ЗА РАБОТА – еве како со години го одржува лицето најпознатата југословенска лото девојка (ФОТО)

ВЕДНАШ ЌЕ ГО ОТВОРИТЕ ФРИЖИДЕРОТ И ЌЕ СЕ ФАТИТЕ ЗА РАБОТА – еве како со години го одржува лицето најпознатата југословенска лото девојка (ФОТО)

Од кога се појави на јавната сцена, водителката и писателка Сузана Манчиќ важи за една од најубавите жени. Годините не ѝ одзедоа многу на нејзината убавина и без разлика на достоинственото стареење, таа успеа да го задржи младешкиот шарм и убавиот изглед во согласност со нејзините години.

Како што истакнува и самата, жената за да биде убава мора да се грижи за себе, а оваа лекција ја научила од својата мајка, поради што сите жени во семејството на Сузана се природно убави…

Сузана претходно истакна дека почетокот на денот е многу важен за нејзиниот изглед и психа.

„Сакам да го мијам лицето со ладна вода, и по будењето и пред спиење. Ја поттикнува периферната циркулација, па добро е и за психата и за кожата“ – изјави Сузана за магазинот „Хелоу“.

„Многу работи се делотворни, но ниеден лифтинг или ботокс нема да вреди ако немате чиста, негувана и здрава кожа, а за тоа не ви е потребен длабок џеб – бара труд. Можете да се негувате со поевтини препарати, а тоа е многу подобро решение отколку да одите на мезотерапија и да имате нечиста кожа. Оние кои немаат пари за третмани можат да нанесат маска од жолчка од јајце, мед и маслиново масло, што е одлично“, додала таа.

Најнови вести