Најновиот ангел од редовите на Викторија Сикрет е Барбара Палвин.
25-годишната Унгарка веќе и претходно настапуваше за модните ревии на познатата куќа, рамо до рамо со Тејлор Хил, Кендис Свонпул, Алесандра Амбросио и останатите убавици.
Таа доаѓа како замена за Адриjана Лима која за последен пат настапи за брендот во ноември 2018 година. Палвин ја објавила веста на својот Инстаграм профил, нагласувајќи дека е “горда што ја претставува Унгарија”.
Секако нема да биде лесно да се замени најпопуларната манекенка на Викторија Сикрет, но и прекрасната Барбара има свои адути.