Хрватската пејачка Жанамари Перчиќ за фудбалската репрезентација на Хрватска подготвува големо изненадување доколку тие се пласираат во финалето на Светското првенство.
Имено сексапилната пејачка за време на мечот помеѓу Хрватска и Данска објави фотографија преку која им зададе ветување на фудбалерите доколку се пласираат во финалето.
-Вака Жанамари гледа фудбал. За „жешките“ само црвен тепих, им ветив на фудбалерите дека доколку влеземе во финале ќе прикачам фотографија во гаќички на концкестите, ако ги најдам дома! А ако не, тогаш без нив. Иако ми се смешни тие фотографии во дресови, ветувањето мора да се исполни, напиша пејачката под фотографијата на која го гледа мечот помеѓу Хрватска и Данска.