сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вељко призна: Се молев на Бог да добијам машко дете (ВИДЕО)

Вељко призна: Се молев на Бог да добијам машко дете (ВИДЕО)

Синот на најпознатата балканска пејачка Светлана Ражњатовиќ, Вељко Ражњатовиќ неодамна стана татко, кога неговата сопруга Богдана се породи и на светот го донесе неговиот наследник, малиот Жељко.

Младиот боксер откри дека од секогаш сакал да добие прво син, бидејќи со женско дете не би знаел како да се однесува.

-Бевме одвоени, но не ми беше тешко, каде ќе одиш со вирусов што владее, воопшто не ми паѓа на памет. Јас пораснав без татко, едвај чекав и мислам дека точно знам што и како со него. Се молев на Господ да добијам машко дете, бидеќи со женско не би имал појма како. Ќе мора да ставам прст на глава и да размислувам. Јас сум малку радикален. Би бил полош и од Никола Којо, не би попуштал. Работите околу детето воопшто не му паѓаат тешко, кажа атрактивниот боксер.

Тој додаде и дека ужива да менува пелени, да игра и да се бакнува со детето. Или тренира или е со семејството.

-На мајка ми ова и беше најубавиот подарок, како и на сестра ми. Сите ќе го размазуваат цел живот, но јас тоа нема да го дозволам, рече Вељко во интервјуто.

Најнови вести