четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вереникот ја изневери, па пејачката остана сама: Александра открива зошто уште го нема најдено вистинскиот маж

Вереникот ја изневери, па пејачката остана сама: Александра открива зошто уште го нема најдено вистинскиот маж

Младата пејачка Александра Бурсаќ доживеала неверојатен емотивен слом кога вереникот ја изневерил, по што таа му раскинала.

Александра признава дека и години по пропаѓањето на оваа љубов, не го нашла вистинскиот и дека и е се потешко да најде маж.

-Мислам дека успехот е проблемот, што мажите не можат да се справат со него. Сè заработив со мојот труд и работа, бидејќи сакам да обезбедам се за себе, за семејството и еден ден за моите деца. Мислам дека генерално е проблем во нашиот бизнис да најдеме некој што го прифаќа тоа и разбира, рече Александра и продолжи:

-Секој е прекрасен на почетокот, а потоа доаѓа време кога ќе каже: „Зошто стануваш во 12, зошто не јадеш овесна каша“ и така натаму – изјавила пејачката.

Најнови вести