среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Верувале или не: Билети за концерт на Мадона чинат речиси еден милион денари

Верувале или не: Билети за концерт на Мадона чинат речиси еден милион денари

На 14-ти октомври Мадона ќе ја започне турнејата „Celebration“ со која ќе прослави 40 години на музичката сцена.

Првите четири концерти ќе се одржат во лондонската О2 арена, каде во нејзиниот настап ќе уживаат околу 80.000 фанови, а билетите за тие спектакли се одамна распродадени.

За тие четири настапи останаа само 88 билети и нивните цени се движат од 300 до 5.900 евра. Во продолжение на турнејата, Мадона ќе ги посети Белгија, Данска, Шведска, Шпанија, Германија, Португалија, Франција, Италија, Холандија, а потоа и градови на американскиот континент.

За повеќето концерти во Европа останаа по 100 – 200 билети, а во салите каде што ќе настапи може да се сместат 15.000 и повеќе луѓе. Интересно е да се напомене дека повеќето обожаватели сакаат да дојдат на нејзините настапи во Милано (23-ти и 25-ти ноември). За првиот концерт останаа 255 влезници, за вториот 276, а цените достигнуваат астрономски бројки.

Најниската е околу 300 евра, најскапата дури 15.454 евра, што е околу еден милион денари во противвредност.

Најнови вести